Национално здружение на сопственици на приватни шуми

Повик за анкетари во рамки на проектот ‘Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните’

Опис на работни задачи за 5 анкетари за Вардарски и Југоисточен плански регион за Источен и Североисточен плански регион

Зелен институт Скопје, во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, во рамките на проектот ,,Нула биоотпад : Системски промени во партнерство со граѓаните” објавува јавен повик за ангажирање на два (2) технички експерти (во понатамошниот текст „експерти“), кои ќе обезбедат аналитичка, истражувачка и техничка поддршка во рамки на проект за утврдување и институционално прифаќање решенија за управување со биоотпадот во следните региони и пилот - општини:

Јавен повик за ангажирање на 5 анкетари

• 2 анкетари за Вардарски и Југоисточен плански регион: по 1 во пилот општините Кавадарци и Радовиш
• 3 анкетари за Источен и Североисточен плански регион: 1 во пилот општината Берово и 2 во пилот општината Куманово

Контекст

Управувањето со биоотпад претставува значаен еколошки, економски и институционален предизвик за општините во Северна Македонија. Недостатокот на систематизирани податоци, ограничените технички капацитети и недоволната координација меѓу засегнатите страни го отежнуваат планирањето и воведувањето одржливи решенија.

Општата цел на проектот е да иницира долгорочна транзиција кон општини со „нула отпад“ преку системско подобрување на управувањето со биоотпадот. Ова подразбира воспоставување модели засновани на податоци, активно граѓанско учество и интерсекторска координација, кои ќе овозможат намалување на загадувањето, спречување на пожари и рационално користење на ресурсите.

Специфичните цели на проектот се: сеопфатна анализа на создавањето и постапувањето со биоотпад во четири пилот-општини (Радовиш, Куманово, Кавадарци, Берово), иентификација и развој на технолошки, финансиски и институционални модели за третман на биоотпад и поттикнување јавна дебата, медиумска видливост и институционална подготвеност за системско управување со биоотпад.

Преку јакнење на институционалните капацитети и мобилизација на засегнатите страни, проектот создава основа за циркуларна економија и одржлив развој. Интервенцијата ги поврзува општините, јавните претпријатија, индустријата, земјоделските, шумските стопанства и граѓанските организации во заеднички процес на анализа и избор на технолошки и регионални концепциски решенија, со цел нивна натамошна плементација и репликација на национално ниво. На тој начин, биоотпадот се трансформира од еколошки и финансиски товар во ресурс со вредност, а општините добиваат алатки за намалување на трошоците и подобрување на животната средина. Проектот придонесува кон системски промени и овозможувачка околина за граѓански ангажман.

Времетраење: Проектот се спроведува во период од 12 месеци.

Целни групи: проектот е насочен кон ангажирање на општини, јавни комунални претпријатија, земјоделци, шумски стопанства, индустриски капацитети и граѓански организации, вклучувајќи ги, исто така и граѓаните во пилот-општините, со цел унапредување на системското управување со биоотпад.


Цел на работните задачи

Националното здружение на сопственици на приватни шуми има потреба од ангажирање на 5 анкетари, кои ќе спроведат анкетирање во четирите пилот-општини – Куманово, Берово, Кавадарци и Радовиш.
Ќе се спроведат вкупно 250 теренски интервјуа со претходно селектирани испитаници кои се систематизирани во единствена база, во која се опфатени релевантни субјекти што создаваат значителни количини на биоотпад. Интервјуата ќе ги реализираат избраните анкетари, што ќе добијат обука и ќе бидат поддржани и следени од проектните координатори на Зелен институт и Националното здружение на сопственици на приватни шуми и ангажираните технички експерти. Техничките експерти подготвуваат прашалник, протокол и прирачник за анкетирање, за чиешто користење анкетарите добиваат обука. Во текот на обуката анкетарите спроведуваат по 2-3 пробни интервјуа заедно со техничките експерти, за да навлезат во проблематиката поврзана со биоотпад, техниката на интервјуирање и да стекнат самодоверба.
Секој анкетар ќе спроведе најмалку по 50 интервјуа во една пилот општина и тоа:
• 1 анкетар е одговорен за спроведување 50 интервјуа во пилот општина Берово (Источен плански регион)
• 2 анкетари се одговорни за спроведување вкупно 100 интервјуа во Куманово, така што секој анкетар спроведува по 50 интервјуа (Североисточен плански регион)
• 1 анкетар е одговорен за спроведување 50 интервјуа во пилот општина Кавадарци (Вардарски плански регион)
• 1 анкетар е одговорен за спроведување 50 интервјуа во пилот општина Радовиш (Југоисточен плански регион)

Ангажманот има за цел:

• Да обезбеди валидни информации за видовите и количините на создаден биоотпад во секоја пилот-општина.
• Да ги евидентира постојните практики на постапување со биоотпад. • Да собере логистички информации – подготвеност на субјектите да селектираат, да добијат организирана услуга за подигање на биоотпадот или да го транспортираат селектираниот биоотпад до собирен пункт.
• Да утврди волја за плаќање на услуга за организирано подигање на биоотпад.
• Да испита интерес за користење производи, енергенси или суровини добиени со третман на биоотпад (компост, биогас, биомаса).
• Да утврди интерес за инвестирање во сопствена или заедничка постројка за третман на биоотпад кај поголемите индустриски и земјоделски капацитети.
• Да соберат и други податоци врз основа на кои ќе се овозможи изработка на функционални модели за третман на биоотпад и нивна примена на регионално и репликација на национално ниво.

Опис на работните задачи

Анкетарите ќе ги имаат следните задачи и одговорности:

A1.3 Обука на 5 анкетари и теренски посети од координатори:
• Анкетарите активно учествуваат во теоретскиот дел на обуката, запознавајќи се со целите на истражувањето, стекнуваат информации за спецификите на прашалникот и ги совладуваат етичките стандарди (анонимност, согласност, чувствителни прашања); учествуваат во практична примена на прашалникот преку пробни интервјуа, под супервизија на експертите, со цел да ја вежбаат техниката на поставување прашања, да научат како да реагираат на нејасни или непотполни одговори, како да постапуваат во случаи на одбивање или недостапност, како да обезбедат квалитетни и проверливи податоци, како и да идентификуваат делови од прашалникот што бараат дополнително појаснување
A1.4 Спроведување на интервјуа
• Ќе се спроведат вкупно 250 теренски интервјуа со претходно селектирани испитаници од базата (активност А1.1, која е одговорност на избраните технички експерти). Интервјуата ќе ги реализираат обучените анкетари, под супервизија на координаторите и експертите. Времетраење на работниот ангажман

Времетраење на работниот ангажман

Планирано е работниот ангажман да започне во март 2026 година и да трае до крајот на април 2026 година.

Потребно искуство на кандидатите

За да се обезбеди квалитетна и навремена реализација на анкетите, кандидатите треба да исполнуваат основни критериуми поврзани со познавање на локалните услови, нивната достапност, и комуникациски вештини и почитување на етички норми.

Критериум

Опис

Напомена

Жителство

Кандидатите мора да бидат жители на една од пилот-општините (Куманово, Берово, Кавадарци, Радовиш).

Локално присуство е клучно за познавање на теренот и субјектите.

Познавање на секторите што создаваат биоотпад

Познавање на земјоделскиот, шумарскиот и индустрискиот сектор, како и локалните услови.

Се бара општа запознаеност, не формално образование.

Транспорт

Кандидатите мора да имаат сопствено возило.

Проектот обезбедува буџет за патни трошоци (8 МКД/км).

Достапност

Треба да се достапни за спроведување на интервјуата во периодот март–април 2026 година, во работно време.

Флексибилност и навремено извршување на задачите.

Комуникациски вештини

Добри вештини за комуникација и почитување на етички стандарди (анонимност, доброволност, транспарентност).

Анкетарите мора да се придржуваат до протоколот за анкетирање.

Искуство

Претходно искуство со анкети е предност, но не е задолжително.

Се охрабруваат и кандидати без формално искуство/

Апликантите мора да бидат независни и однапред да известат за потенцијален конфликт на интерес во врска со ангажманот.. Имајте предвид дека државните службеници и другиот персонал на јавната администрација не смеат да бидат ангажирани без претходно добиено писмено одобрение од Институцијата во која работат.

Хонорар за спроведување на анкетата

Секој анкетар добива хонорар според бројот на спроведени интервјуа, такашто средствата исплатени за едно интервју изнесуваат 400 МКД бруто. Анкетарите добиваат и надомест за транспорт со сопствено возило 8 МКД по километар, Предвидено е во просек дека за пополнување на еден прашалник секој анкетар ќе помине 15,3 километри и ќе потроши околу 122 МКД, или за 50 прашалници ќе потроши гориво со цена од 6.120 МКД.

Постапка за аплицирање

Апликацијата треба да содржи:

• Мотивациско писмо (до 1 странa)
• Биографија (CV)

Кандидатите треба да ги достават своите апликации до Националното здружение на сопственици на приватни шуми на имеил macprifor@yahoo.com, најдоцна до 24 февруари 2026 година.

Содржинана на овој повик е единствена одговорност на Националното здружение на сопственици на приватни шуми Берово и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или на организациите што ја спроведуваат.