Зелен институт Скопје, во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, во рамките на проектот ,,Нула биоотпад : Системски промени во партнерство со граѓаните” објавува јавен повик за ангажирање на два (2) технички експерти (во понатамошниот текст „експерти“), кои ќе обезбедат аналитичка, истражувачка и техничка поддршка во рамки на проект за утврдување и институционално прифаќање решенија за управување со биоотпадот во следните региони и пилот - општини:
Управувањето со биоотпад претставува значаен еколошки, економски и институционален предизвик за општините во Северна Македонија. Недостатокот на систематизирани податоци, ограничените технички капацитети и недоволната координација меѓу засегнатите страни го отежнуваат планирањето и воведувањето одржливи решенија.
Општата цел на проектот е да иницира долгорочна транзиција кон општини со „нула отпад“ преку системско подобрување на управувањето со биоотпадот. Ова подразбира воспоставување модели засновани на податоци, активно граѓанско учество и интерсекторска координација, кои ќе овозможат намалување на загадувањето, спречување на пожари и рационално користење на ресурсите.
Специфичните цели на проектот се: сеопфатна анализа на создавањето и постапувањето со биоотпад во четири пилот-општини (Радовиш, Куманово, Кавадарци, Берово), иентификација и развој на технолошки, финансиски и институционални модели за третман на биоотпад и поттикнување јавна дебата, медиумска видливост и институционална подготвеност за системско управување со биоотпад.
Преку јакнење на институционалните капацитети и мобилизација на засегнатите страни, проектот создава основа за циркуларна економија и одржлив развој. Интервенцијата ги поврзува општините, јавните претпријатија, индустријата, земјоделските, шумските стопанства и граѓанските организации во заеднички процес на анализа и избор на технолошки и регионални концепциски решенија, со цел нивна натамошна плементација и репликација на национално ниво. На тој начин, биоотпадот се трансформира од еколошки и финансиски товар во ресурс со вредност, а општините добиваат алатки за намалување на трошоците и подобрување на животната средина. Проектот придонесува кон системски промени и овозможувачка околина за граѓански ангажман.
Времетраење: Проектот се спроведува во период од 12 месеци.
Целни групи: проектот е насочен кон ангажирање на општини, јавни комунални претпријатија, земјоделци, шумски стопанства, индустриски капацитети и граѓански организации, вклучувајќи ги, исто така и граѓаните во пилот-општините, со цел унапредување на системското управување со биоотпад.
Анкетарите ќе ги имаат следните задачи и одговорности:
Планирано е работниот ангажман да започне во март 2026 година и да трае до крајот на април 2026 година.
Критериум | Опис | Напомена |
Жителство | Кандидатите мора да бидат жители на една од пилот-општините (Куманово, Берово, Кавадарци, Радовиш). | Локално присуство е клучно за познавање на теренот и субјектите. |
Познавање на секторите што создаваат биоотпад | Познавање на земјоделскиот, шумарскиот и индустрискиот сектор, како и локалните услови. | Се бара општа запознаеност, не формално образование. |
Транспорт | Кандидатите мора да имаат сопствено возило. | Проектот обезбедува буџет за патни трошоци (8 МКД/км). |
Достапност | Треба да се достапни за спроведување на интервјуата во периодот март–април 2026 година, во работно време. | Флексибилност и навремено извршување на задачите. |
Комуникациски вештини | Добри вештини за комуникација и почитување на етички стандарди (анонимност, доброволност, транспарентност). | Анкетарите мора да се придржуваат до протоколот за анкетирање. |
Искуство | Претходно искуство со анкети е предност, но не е задолжително. | Се охрабруваат и кандидати без формално искуство/ |
Апликантите мора да бидат независни и однапред да известат за потенцијален конфликт на интерес во врска со ангажманот.. Имајте предвид дека државните службеници и другиот персонал на јавната администрација не смеат да бидат ангажирани без претходно добиено писмено одобрение од Институцијата во која работат.
Секој анкетар добива хонорар според бројот на спроведени интервјуа, такашто средствата исплатени за едно интервју изнесуваат 400 МКД бруто. Анкетарите добиваат и надомест за транспорт со сопствено возило 8 МКД по километар, Предвидено е во просек дека за пополнување на еден прашалник секој анкетар ќе помине 15,3 километри и ќе потроши околу 122 МКД, или за 50 прашалници ќе потроши гориво со цена од 6.120 МКД.
Апликацијата треба да содржи:
Кандидатите треба да ги достават своите апликации до Националното здружение на сопственици на приватни шуми на имеил macprifor@yahoo.com, најдоцна до 24 февруари 2026 година.